Ваучерот за туризам оваа година ќе биде од 200 евра – еве кој ќе може да го добие
Ваучери за годишен од 12.000 денари ќе дава Владата за граѓаните со ниски примања. Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција кажа дека во делот на туризмот и оваа година ќе продолжи мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Но, ваучери нема да има за сите граѓани со ниски примања туку ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети. Оваа година, во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година. Оваа година, за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, рече Бектеши.
Јавниот повик за аплицирање ќе биде објавен во првата половина од годинава.