Игор Ангелов: Овој месец биди храбар и одговорен за своето здравје

Актерот Игор Ангелов го препознаваме по неговите улоги за паметење – од театарската сцена, преку бројните телевизиски проекти, па дури и од филмското платно. Како активен маж со многу зафатен живот, тој постојано балансира помеѓу обврските и забавата, но не заборава и на сопственото здравје. Овој Мовембер, тој ќе земе учество на велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“ во организација на dm drogerie markt, кој е посветен на подигање на свесноста за машкото здравје.

Во месецот посветен на машкото здравје, популарно наречен „Мовембер“, време е да се потсетиме дека редовната грижа за себе и познавањето на сопственото тело и умот се првиот чекор за превенција на здравствени закани.

Затоа овој месец биди храбар, спротивстави се на стигмата и преземи нешто за себе. Побарај ги знаците, закажи го оној преглед кој одамна го одложуваш и биди одговорен за твоето здравје.

https://www.instagram.com/p/DRCLEuJDKVr

На 17 ноември пред Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи голем велосипедски настан организиран од dm drogerie markt, кој има за цел да ја подигне свеста токму околу машкото здравје. Пријави се за професионалната трка на 63 км која ќе се вози во форма на брк или пак на аматерската трка од 4 км. И без гајле, дури и да немаш велосипед – dm e тука за тебе.

Ајде сега, пушти брк и бркај здравје!

Translate »