Мицотакис: Во Бугарија живеат Бугари и зборуваат Бугарски, а не јужнословенски!

Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис ја одби понудата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за тв дуел. Од опозиционата партија велат дека нема потреба од дебата туку од нови избори. На Ципрас му порачаа да излезе на дуел со неговиот поранешен коалиционен партнер Каменос ако сака да расправа за Преспанскиот договор.

Во соопштението на партијата се посочува дека една од најголемите отстапки на Преспанскиот договор е признавање на македонскиот јазик.

-Не е проблемот во тоа што јазикот ѝ припаѓа на јужнословенската група јазици туку во тоа што НИЕ за првпат признаваме дека постои македонски јазик, -велат од НД.

Тие ја даваат паралелата со бугарскиот јазик.

-Иако припаѓа на групата јужнословенски јазици, сите во светот го нарекуваат Бугарски бидејќи го зборуваат Бугари кои живеат во Бугарија.

Истото, според партијата на Мицотакис се однесува и на повикувањето на Ципрас на нотата испратена од македонското МНР во која стои дека терминот националност на Втората страна дефинирана во Договорот како „Македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етникумот како што e тоа пропишано во член 2 став  2 од Уставниот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија.

-Ако националноста се однесува само на државјанство тогаш тоа треба да биде исклучиво Северномакедонско, а никако македонско/ граѓани на Северна Македонија, како што стои сега во Уставот,- велат од Нова демократија.

Translate »