На Канческа-Милевска ќе и се суди за изградба на Музејот на ВМРО
На поранешната Министерка за култура Елизабета Канческа- Милевска ќе и се суди за градежните работи околу изградба на Музејот на македонската борба и самостојност во Скопје. Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“. Таа е првообвинета.
„Советот за оценка на обвинителен акт на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) НСК – КО 10/16 означен како „Тендери“, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт“, соопшти попладнево Кривичниот суд. фото :Фокус