Мицковски новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гости кај Заев

Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во Владата, каде што ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Мицкоски денеска пред Собранието изјави дека во однос на враќањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во собраниските клупи сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на средбата со Заев.

Премиерот вчера му посака среќа на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема предрасуди да се сретне со него.

„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен процес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода“, рече Заев.

Заев додаде дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом е важно со оглед на тоа што доаѓаат двотретински закони за кои се потребни пратениците на опозицијата.Макфакс

Видео: Макфакс
Translate »