СЈО бара да се конфискува имотот на Никола Груевски, Мартин Протуѓер и Илија Димовски
Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски ќе треба солидарно да ѝ вратат на државата 2, 2 милиони евра, доколку кривичниот суд ги осуди за виновни во предметот „Титаник“.Ова е наведено во предлог-мерките што ги бара тимот на специјалното јавно обвинителство од кривичниот суд во обвинителниот акт. Обвинителите од тимот на Катица Јанева напишале дека за финансирање на изборната кампања во 2011 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот шеф на Кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер, треба да вратат во буџетот 567 илјади евра. За изборната кампања во 2012 година, СЈО од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски побарува 673 илјади евра. Еден милион евра е сумата која обвинетите доколку бидат осудени треба да ја платат за изборната кампања во 2014 година. Вкупно, СЈО од нив четворица побарува сума од над 2,2 милиони евра.
Makfaks