Доктор Ненад Лазаров: Кај ОХИС има 14 тонска цистерна со винилхлорид, која ако експлодира ќе направи масакр во Скопје

“Додека сте насекирани за Бејрут, во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид, која стои непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут” – со овие зборови денеска доктор Ненад Лазаров ја започна својата објава на Фејсбук.

Целиот свет е вознемирен од вчерашната експлозија во Бејрут, во која загинаа повеќе од 100 лица, а неколку илјади се повредени. 

Експлозијата во Бејрут била повод за доктор Лазаров на социјалните мрежи да потсети на опасноста од ОХИС, каде има 14-тонска цистерна со винилхлорид.

Статусот во го пренесуваме во целост:

“Додека сте насекирани за Бејрут: 

Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут.

Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град”.

Translate »