Новата банкнота од 200 франци со кренати три прста ги налути Босанците
Швајцарската национална банка ја претстави новата банкнота од 200 франци. Нејзиниот дизајн предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради мотивот со три прсти.
Како што пренесуваат српските медиуми, граѓаните од БиХ, кои работат во оваај земја, бурно реагирале поради мотивот .
Од Централна банка на Швајцарија (ЦБС) е посочено дека трите прсти ги означуваат трите геометриски оски – икс, ипсилон и зет.
Соопштението банката уследи откако на социјалните мрежи се проширија наводите дека се работи за српски поздрав и прашањето „дали е ова српска банконота“.
Дополнително, банката објасни дека трите прсти, кои ги претставуваат трите оски , го покажуваат правецот на ширењето на материјата по Големиот прасок.