Диетата на Џенифер Лопез која и помага да изгледа двојно помлада!

Латино дивата Џенифер Лопез изгледа сè поубаво и поубаво, а ова се нејзините совети за здравје и убавина.

Лопез овојпат ја откри тајната на младиот изглед, а таа вели дека уште од своите дваесетти години користи заштитен фактор 30 кој што ѝ ја штити кожата од штетните ултра-виолетови зраци кои што предизвикуваат хиперпигментација и го поттикнуваат стареењето на кожата.

Оваа 51-годишна дама откри дека ниту еден ден не го прескокнува тој важен чекор кој што ѝ помага да изгледа двојно помладо.

https://www.instagram.com/p/CLJ9Cxnpu4c/?utm_source=ig_embed

Но, Џенифер сега открила и една намирница, односно јадење кое што никогаш не го јаде затоа што како што тврди таа, доколку истото го консумирате често може да предизвика вашата кожа да изгледа 20 години постаро.

Станува збор за супите од ќесички кои што, како што тврди таа се полни со натриум кои што ја апсорбираат водата во нашиот организам. Дехидратацијата ја суши кожата, што предизвикува појава на брчки.

„Доколку не можете да се одвикнете од тоа јадење, барајте супи кои содржат голема количина на квалитетен зеленчук, со помалку конзерванси, сол и конзервиран мононатриумов глутамат. Но, исто така тие нека содржат помалку заситени маснотии и хидрогенирани масти“, вели таа.

Освен супите од ќесичка, Лопез тврди дека исто така избегнува енергетски напитоци кои што содржат многу шеќери и кофеин – две супстанции кои што воопшто не се добри за кожата.

„Ве молам, не ги користете тие пијалаци. Освен што се лоши за вашиот желудник и црниот дроб, лоши се и за кожата која што по консумирањето на мала количина од намирниците ќе изгледа многу полошо“, заклучила Џеј Ло која што за крај додала дека е лесно да се контролира желбата за консумирање на овие намирници, доколку здравјето е на прво место.

Translate »