Вучиќ: Србија нема друг интерес, освен да негува пријателство
На граничниот премин Табановце, српскиот претседател, Александар Вучиќ ги предаде на премиерот, Зоран Заев, вакцините во првата фаза, односно 4650 вакцини од компанијата Фајзер.
„Среќни сме што ова можеме да го направиме. Сакавме уште пред 10 дена, но сакам сите да знаете дека имавме проблеми со документацијата за извоз. Јас сум среќен што С.Македонија ќе може да влезе во имунизација, и среќен сум што помогнавме. Србија нема други интереси, освен да покаже пријателство кон С.Македонија. Ова е најобичен поклон, што сум сигурен дека и вие би ги дале како добри соседи. Вистински пријател е оној кој ви наоѓа во тешки моменти. За информација, кај нас веќе се употребени над 800.000 дози од вакцините“