Израел со нов напад врз Сирија: проектили паѓале еден час, а убиени се 4 војници

Израелците изминатата ноќ напаѓале неколку ирански објекти во соседната република, како и сириските системи PVO, кои “лансирале десетина ракети” на авионите кои изведувале операција.

Како што соопштува израелската војска, операцијата е изведена како одговор на ракетирањето на Голанските висорамнини. 

“Отварањето на оган на израелската територија на Иран повторно ја покажа вистинската цел на своето присуство во Сирија која претставува закана по Израел и регионална стабилност”, наведе војската.

Мета на напад биле воените објекти на иранската единица “Ел Кудс” во Сирија, вклучувајќи го и засолништето со оружје кое се наоѓа во подрачјето на аеродромот во Дамаск, иранскиот разузнавачки центар и кампот за обука, се додава во извештајот.

Сириското PVO како одговор на нападот лансираше десетина противвоздушни ракети “без оглед на јасните предупредувања да не отвараат оган”, се додава во соопштението.

На крајот, Израел погоди и неколку сириски противвоздушни системи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека политиката на неговата земја е насочена кон тоа да не му дозволи на Иран да установи сопствено присуство во Сирија.

“Нашата политика е непроменета: да се спречи воспоставувањето на Иран во Сирија и да се нападне секој кој ќе ни наштети”, наведе Нетанјаху.

Ова е најголемиот израелски напад на ирански објекти во Сирија од мај минатата година и траел 50 минути.

Руската војска: Сирискиот PVO собори 30 израелски ракети

Противвоздушната одбрана на Сирија уништи повеќе од 30 крстосувачки проектили и авионски бомби за време на одвивање на нападот на военото воздухопловство на Израел, соопштува Националниот центар за управување со одбрана на Русија.

“Военото воздухопловство на Израел на 21 јануари од 02:11 до 02:56 изведе три воздушни напади на територијата на Сирија од запад, југозапад и југ. За време на одвивањето на нападот, силите на Сирија PVO уништиле повеќе од 30 крстосувачки ракети и авионски бомби”, соопштува рускиот центар.

“Во нападот делумно е оштетен и меѓународниот аеродром во Дамаск”, се наведува во соопштението.

Translate »