Врв на сексапилот: Емили Ратајковски
Емили Ратајковски често изненадува со надминување на сите граници, кога се во прашање многу предизвикувачки и сексапилни аутфити.
Овој пат навистина се надминала и самата себе.
Манекенката како комбинација за вечерно излегување одбрала бела кошула која одиграла улога на фустан и сандали со многу необична потпетица во облик на кугла.
Кошулата, поради необичниот крој го отркила нејзиното длабоко деколте и дел од нејзиниот стомак.
Покрај овој жежок излед, Емили искомбинирала обетки со интересен облик, а нежниот мејкап совршено прилегал со нејзината лежерна фризура. Единствен обичен детал кој таа го додала била црната ташна, која го заокружила овој аутфит и му дала доза елеганција.
За тоа дека оваа комбинација била полн погодок, докажуваат и лајковите кои се повеќе од еден милион, на фотографијата која ја објавила Емили на социјалните мрежи, пред околу 24 часа.