50-тина фризери од Македонија се едуцираа на саемот Beauty Istanbul во Турција

50-тина професионални фризери и техничари, како и make-up артисти од Македонија, благодарение на компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалниот бренд за коса  IMEL Profesional, присуствуваа на реномираниот саем Beauty Istanbul, кој се одржа во период од 2-4 Октомври 2019.

Покрај саемот фризерите имаа можност и за дружење и посета на голем број знаменитости на Истанбул.

Инаку на саемот се презентираа европските и светските новитети во негата на косата, со најновите фризерски трендови.

“Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма!  Токму поради тоа професионалните фризери се многу пребирливи при изборот на козметиката која ја користат. Тоа треба да биде квалитетна козметика која ја негува косата, која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Пропорачливо е да користат производи со хиалуронска киселина кои помагаат косата да постигне максимална хидратација и да се зголеми производството на природен колаген, истакнувајќи ги посебно квалитетите на Имел козметиката.”, изјавија од компанијата Вертикал Вејв.

Овие производи можат да се најдат само во фризерските салони. Ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата. Тоа е и причината голем број на фризери да ја препорачуваат  колекцијата на Imel Collagen,

Особено колаген шампонот кој помага да се спречи губењето на косата и воедно додава волумен на косата. Овој шампон има уникатна формула која ги остранува загадувачите и токсините со што косата изгледа сјајна и силна.

Translate »