Федерер и Мирка се заедно 19 години, но таа има тајна која вешто ја криела и од него и од јавноста
Роџер Федерер остана поразен на Вимблдон, но поддршката на Мирка е тука исто како да е победник.
Мирка е една од највпечатливите и највлијателни личности во Швајцарија, како сопруга на Роџер.
Мирослава е родена во Словачка, а кога имала само 2 години нејзините родители се преселиле во Швајцарија. Како тинејџерка почнала да се занимава со тенис, а веќе до 2002-ра година била професионална тенисерка.
Славниот тенисер го запознала на Олимписките игри во Сиднеј во 2000-та година.
Набрзо запловиле во врска, но Мирка извесно време криела една тајна и од него и од јавноста.
Во моментот кога го запознала Роџер, била верена за пребогат арапски султан. Дури подоцна дознал и Роџер.
Приказната за веридбата со арапскиот султан многумина не ја знаеја до минатата година, а истата ја раскинала во моментот кога сфатила дека е заљубена во Федерер.
Во 2009-та година со Федерер го кажаа судбоносното „да“, а бракот е крунисан со четири дечиња.