По подолго време денеска се огласи сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“: „Ова е политичко рушење!“

„Ивам одобрение за обнова на објектот“ – изјавил за новинарите сопственикот на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“ која што денеска се урива, Мевљудин Алити.

Според Мевљудин во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, туку само да не излегува од постоечката површина.  

Мевљудин Алити се пожалил дека денеска закажал прес-конференција за новинарите, во 11 и 30 часот, а Владата почнала да го урива објектот.

Во однос на дозволата за работа за градење, тој и неговиот адвокат се повикуваат на член 76 од Законот за градба, каде што се вели дека за обнова на објект нема потреба за дозвола за градба.

Алити, сопственикот на објектот, кој го презентирал проектот за обнова, пред новинарите денеска изјавил дека немало планирано да се гради и втор кат на истиот:

„Не градев нов објект туку го обновува изгорениот објект, кој претходно беше со метална конструкција“ – додал Алити.https://www.facebook.com/v2.8/plugins/video.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1656c0eb070974%26domain%3Dtocka.com.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Ff1059348e81d998%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ftv21hd%2Fvideos%2F750559785515419%2F&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=false&width=

Тој исто така обвинил дека некој сакал да го отстрани од таа локација која како сопственик ја поседува со децении.

Алити изјавил дека на ваков начин и во минатото се рушеле објекти, како последица на политиката, потенцирајќи го случајот „Космос“.

„Од нас е поднесено барање до Општина Чаир за обнова на објектот, на кое не добивме одговор. Денеска гледаме дека објектот се урива. Никој не може да нè условува дали ќе градиме со бетон или друг материјал, сè додека не излегуваме од дозволеното место за градба и ако не ја нарушуваме стабилноста на земјиштето“ – вели адвокатот на Алити.

Translate »