ЕУ со својата политика на (не)проширување ги турка земјите од Западен Балкан во прегратка на Русија?!
Угледниот словенски Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) излезе со анализа за актуелната политичка ситуација во Западен Балкан во пресрет на 17 и 18 октомври кога во Брисел ќе се одлучува за почеток на преговоите на Северна Македонија и Албанија. Анализата е со наслов „Западен Балкан 2019: Ги турка ли ЕУ земјите од Западен Балкан „во прегратка“ на Русија?“.
Иако важноста на состанокот на челниците на ЕУ ќе биде насочен кон Брегзит овие две земји од Западен Балкан се во исчекување на историската одлука.
Првите луѓе на Унијата често изразуваат поддршка за балканските земји на патот кон евроатланските интеграции изразувајќи загриженост поради влијанието на одредени држави во регионот, и тоа пред се предупредуваат на влијанието од Русија, Кина и Турција. – се наведува во анализата.
ЕУ со својата политика на (не)проширување фактички ги турка овие земји во прегратка на Русија. Одредени членки на ЕУ одново и одново поставуваат критериуми за членство. – пишува ИФИМЕС.
Експертите предупредуваат дека сега веќе 15 држави членки не би можеле во потполност да ги исполнат уловите за членство кои се бараат од земјите од Западен Балкан. Притоа наведуваат како Бугарија и Романија биле примени, а како пример ја наведуваат и Хрватска на која неодамна „и прогледале низ прсти“ за полноправно членство.
Дури во 2004-та година во полноправно членство се примени 9,5 држави, бидејќи е примен само половина Кипар. Дел од експертите потенцираат и дека во француската покраина Корзика и италијанската Сицилија регулативите на ЕУ ни одблиску не функционираат согласо стандардите, прописите и директивите на ЕУ.
Аналитичарите сметаат дека членките на ЕУ вклучувајќи ја и Франција мора да демонстираат визионерство кога е во прашање проширувањето бидејќи кога во миантото не би се случувале проширувањата ЕУ не би се развила во така респектабилна регионална институција.
Со оглед дека има 27 членки без Велика Британија секогаш ќе постојаѕ одредени ветувања и блокади кои членките треба да ги избегнуваат односно не смеат да ги дозволуваат.
Тоа е особено важно во околности кога држави како Русија, Турција, Кина сакаат да остават силно влијание на Балканот.
Неодлучноста на ЕУ може да има стратешки последици во земјите од регионот затоа што долгата неизвесност може да резултира со притисок од јавноста да се промени геополитичката ориентација. – пишува во анализата Меѓународниот Институт.