КФЦ влегува во Македонија, се отвораат ресторани во Скопје и Тетово
Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери на средба со премиерот Зоран Заев.
Aмериканската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да се отворат повеќе ресторани во земјава со околу 400 нови работени места.
Премиерот Заев, поздравувајќи ги намерите на компанијата, изрази особено задоволство заради доаѓањето на светски познатиот бренд и порача дека секоја нова инвестиција во Македонија освен што отвора нови работни места и придонесува за економскиот развој, испраќа и силна порака до новите инвеститори дека државата е безбедна и солидна на пазарот.
Сопственикот на лиценцата, господинот Зимбери, информираше дека до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.