Како е да се студира во Русија- Анастасија Тодоровска, студент по медицина во С.Петербург
Анастасија Тодоровска е студентка на медицинскиот факултет на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет.Татко и е Македонец , а мајката Русинка. Средно медицинско завршила во „Д- р Панче Караѓозов” во Скопје. Сега е на рускиот престижен универзитет каде , како што вели , е одговорност , но и голема гордост да се студира.
Радар: Студирате во Русија, од каде и како се најдовте таму?
-Се започна од тоа што мојата мајка е Русинка. Tаа држава ме привлекуваше од најмала возраст. Со јазикот владеам од најмали години. За мене Русија е моја втора татковина. Желбата да живеам и да се образувам во таа земја беше преголема. Можноста да ги остварам своите соништа ми ги обезбеди руската амбасада , која секоја година им дава шанса на младите македонски таленти да се образуваат на територијата на руската федерација .
И покрај тоа што сум половина Русинка, кога требаше да заминам од Македонија, во мене се појави огромен страв. За мене тоа беше огромен предизвик , кој бара навистина огромна храброст и сигурност во себе. Првите денови се чувствував многу исплашено и несигурно, сите луѓе околу мене ми изгледаа дрски и сурови , но сето тоа беше слика и одраз на мојот страв, бидејќи бев сосема сама во огромен град. Но, поддршката која ми ја дадоа моите најблиски и пријателите ме одржуваше во живот , и ниту во еден момент не ми дозволи да се предадам.
Кога дојде први септември , сите студенти на медицинскиот факултет се собравме во конференциска сала. Требаше свечено да ни ги доделат студентските картички. Во тој момент се чувствував многу гордо. Кога го прочитаа моето име, ми поминаа морници, се почувствував охрабрено и во мојата главата имав само една мисла “ова ќе биде тежок пат, но нема откажување, ќе ја оправдам довербата на сите луѓе кои вложиле во мене и ми ја даваат својата подршка”.
Со предавања започнавме веднаш. На почетокот ми беше доста тешко да запишам се што ми беше потребно, но моите колеги ми помогнаа. Бев веднаш прифатена. На некој начин за нив претставував атракција, беа желни во секој момент да дознаат нешто повеќе за мојата татковина, за животот во неа, за студиите и ред други теми. Секој нов ден се запознавав со се повеќе и повеќе нови луѓе и навистина стекнав премногу добар впечаток.
Радар: Какви се Русите како народ и како сте прифатена таму?
-Меѓу Македонците и Русите има разлика, но сепак би кажала дека не сме многу различни,сепак сме словенски народи и со размислувањата и менталитетот сме доста блиски. Тие се исто дружељубиви како и Македонците и ќе ти помогнат во секој момент , но тие се доста меланхонични за разлика од Македонците ,кои се полни со енергија и темпераментност. Во текот на овие 5 месеци проживеани во Русија, почувствував многу различни емоции, преминав преку многу препреки и можам да кажам дека во некои моменти се надминав себеси. Овој нов предизвик ме смени како личност, ги смени моите погледи кон животот, започнав на друг начин да ги гледам страните на животот, да го ценам слободното време и да ја наоѓам искреноста во луѓето.Ни во еден момент не зажалив што го одбрав овој пат. Можеби е доста тежок и напорен , но животот не е прикаска и треба да бидеме подготвени на се.
Радар: Какви се вашите планови за иднината?
-Не знам дали засекогаш ќе останам во Русија. Нема да знам до последниот момент. По студиите на општа медицина, сонот ми е да се специјализирам на хирургија, но не сакам предвремени планови во врска за тоа бидејќи сеуште не сум доволно навлезена во медицината за да знам точно која гранка ќе ми го привлече вниманието. И за крај, еден совет за сите што се нерешителни и се плашат да студираат во странство: не ја пропуштајте шансата да запознаете еден нов свет, нови хоризонти и да се развивате и осознаете себеси и своите можности.
-BRAVO ANASTASIJA TI POZELUVAM SE NAJUBAVO VO ZIVOTOT VERUVAM DEKA KE BIDIS ODLICNA DOKTORKA I VISTINA KE IMAS PREUBAVO ISKUSTVO VO ZIVOTOT I SEKOGAS KE SE SEKAVAS NA STUDENSKITE UBAVI DENOVI RUSIJA E PREKRASNA ZEMJA I SE IZRADVAV SO SLUSNAV ZATEBE I SE NADEVAM DA IMA I DRUGI NASI MAKEDONCI KOJ KE STUDIRAT VO RUSIJA MNOGU NASI MISLAT DEKA DA SE ODI VO ZAPADOT E POUBO MNOGU GRESAT TAVA E TAJA PROPAGANDA NA AMERIKA NEMOZI NA RUSIJA DA MU SE FATI NI ZA MALOTO PRSTE POZDRAV I SE NAJUBAVO I TI DA BIDIS PRIMER ZA NASITE IDNI GENERACI DA ZIVEE RUSIJA DA ZIVEE MAKEDONIJA