Пресови во Собранието само на албански јазик, Законот за јазици испратен до Венецијанската комисија
Пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими, кој воедно е и координатор на пратеничката група на партијата, денеска на прес во Собранието говореше само на албански јазик. Откако новинарите реагираа изјавата да биде кажана и на македонски, во одбрана на Аљими застана лидерот на ЛДП Милевски и најави дека тој ќе зборува и на македонски, но албанскиот пратеник ја напушти салата.
Вчера и на прес конференцијата на вицепремиерот Бујар Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу, која по потекло е од Албанија, се обратија само на албански јазик, а оправдувањето беше дека задоцнил преведувачот. На дел од институциите веќе се поставени и двојазични табли.
Во мегувреме , Владата го испрати Законот за јазици до Венецијанската комисија, заедно со одредбите за двојазични униформи и двојазични банкноти.
Во писмото до венецијанската комисија се додава – дека законот за употреба на јазиците, произлегува од охридскиот рамковен договор, кој е имплементиран во Уставот на Република Македонија, и дека една од целите на законот, е да се создаде хармонична правна рамка, во која, законските одредби, нема да ја загрозат уставноста на република македонија, ниту европските стандарди.
Законот за употреба на јазиците беше објавен во Службен весник на РМ на 14 јануари годинава само со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери со укажување дека тоа се прави бидејќи претседателот на државата Ѓорге Иванов одбил да го стори тоа.
Вицепремемиеерот Османи вчера изјави дека законот нема да биде испратен на верификација во Венцијанската комисија додека македонски претставник е професорката по уставно Право, Тања Каракамишева.