Крвава ноќ во Марсеј: Отворен оган врз автомобил во движење, загинаа две лица

Две лица загинаа во престрелка во францускиот град Марсеј, јавуваат светските медиуми.

Според првите информации, инцидентот се случил во северниот дел на градот, а весникот „Паризиен“ истакнува дека во нападот тешко е повредено и трето лице. Според извештаите, станува збор за 20-годишен маж чиј живот е во опасност.

Нападот се случил во 13-тиот округ, кога сторителите испукале повеќе истрели кон возило на автопатот, се вели во извештајот.

Според информациите на ТВ мрежата „БФМ Марсеј“, убиените веќе ѝ биле познати на полицијата.

Идентитетот на жртвите засега не е познат, но извори наведуваат дека се на возраст меѓу 20 и 30 години.

Новинската агенција АФП наведува дека од почетокот на оваа година во тој дел на градот се убиени најмалку 22 лица, а во повеќето случаи нападите се поврзани со трговија со дрога.

Translate »