(ФОТО+ВИДЕО) УНИШТИ КУЌИ И БРОДОВИ: Торнадо направи пустош во турскиот град Чешме

Торнадо синоќа го погоди турскиот град Чешме, при што се повредени 16 луѓе. 

Сите повредени се работници кои биле во монтажен објект на градилиште каде се урнал кран. Ова се случи на околу 90 километри западно од Измир. Торнадото уништи куќи, автомобили и бродови.  Најмногу е погодено локалното градилиште каде се градат летни вили, каде падна кран кој ја уништи монтажната куќа на градежниците, кои се здобија со повреди, а еден заврши во болница со скршеница на ногата, јави новинската агенција Анадолија. Градоначалникот Екрем Оран вели дека градот кој го нарекуваат рајот на земјата претрпел пекол. 

Translate »