Претворил морничав подрум во луксузен стан вреден 475.000 фунти

Познатиот британски сноубордер Џејми Бароу поминал 3 години во уредување на напуштен објект кој сега изгледа импресивно.

Бароу вложил многу време, труд и пари во претворање на стар, морничав подрум во луксузен дом кој денес вреди 475.000 фунти. 

27-годишниот Бароу е сопственик на Гинисов рекорд за најголема брзина на сноуборд која ја остварил во 2018 година. Тој една година претходно купил објект во Англија и открил подрум кој на почетокот му делувал морничаво, но добил одлична идеја и во целост го трансформирал. Џејми направил неколку соби и купатило, а од резултатите и самиот бил воодушевен.

“Не само што сум среќен со конечниот резултат, туку сум и горд што реставрирав историски објект кој би останал запуштен. Верувам дека постои социјална одговорност за развојот на недвижнини во историски град како што е Бат и реставрирањето на историски објекти за и другите во иднина да можат да уживаат во нив”, порачал Бароу на Фејсбук.

Translate »