Акциите на фејсбук паѓаат, компанијата изгуби над 36 милијарди долари

Проблемите на Фејсбук поради  скандалот со истекување на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници ги  уплашија  инвеститорите, а тоа предизвика огромен пад на цените на акциите.

Најголемата друштвена мрежа поради тоа  изгуби над 36 милијарди долари .

Акциите на   „ФБ“ денес паднаа  за 4,9 насто ,  а во  понеделник  изгубија речиси  7,0 % од  вредностите , што беше најголема загуба за четири години.

До падот на акциите дојде откако американските власти најавија дека ќе отворат истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата користела приватни податоци на над 50 милиони корисници на социјалната мрежа за анализа спроведена од ” Кембриџ аналитика”.

Би-би-си објави дека поранешниот вработен во „Кембриџ аналитика“, Кристофер Вајли, рекол дека компанијата собрала огромен број податоци преку квиз на „Фејсбук“ наречен „Ова е твојот дигитален живот“. Вајли тврди дека во квизот учествувале околу 270.000 луѓе, а дека податоците на речиси 50 милиони корисници, претежно од САД, се собрани без нивно експлицитно одобрение. Тој вели дека податоците ѝ се продадени на „Кембриџ аналитика“, која ги користела за правење психолошки профили по што на корисниците им биле прикажувани приспособени реклами и вести во корист на Трамп со цел да се влијае на исходот на изборите за претседател во 2016 година.

 

Translate »