Здрава, вкусна есенска кралица: За што се се добри јаболките

Знаете дека се здрави, но дали знаете зошто точно? Прочитајте што велат нутриционистите.

Крцкави, меки, кисели, слатки, ги сакаме свежи, во компот, колачи, па дури и „посилни“ јадења со месо.

Едно просечно јаболко има нешто повеќе од 50 калории, а дури четири грама влакна и 14 проценти од дневната препорачана доза на витамин Ц.

Содржи шест проценти од препорачаната доза на калиум, и е одличен извор на флавоноиди, кои имаат антиинфламаторно и антиоксидативно дејство.

Ги неутрализираат слободните радикали и не дозволуваат да им нанесат штета на клетките. Внимавајте кога подготвувате јаболка бидејќи две третини од антиоксидансите се наоѓаат во кората, па не ја лупете.

Особено богати се со разградливо влакно наречено пектин, и помага во процесот на варење. Го стимулира формирањето на корисни бактерии во дигестивниот систем, и нè штити од дебелината и метаболичките и воспалителните процеси во тој систем.

Пектинот во телото се раствора и се претвора во гел кој го забавува варењето на шекерите и јаглехидратите. На тој начин се одржува нормално ниво на шекер во крвта, без никакви „скокови“.

Ја намалува и апсорпцијата на холестерол преку исхраната, што не штити од кардиоваскуларни заболувања.

Едно истражување спроведено во Охајо покажало дека едно јаболко на ден, за само еден месец, во крвта го намалува нивото на супстанцата која придонесува за зацврстување на артериите за дури 40 проценти.

Ниската калориска вредност и високата содржина на влакна, исто така значи дека јаболките ни даваат подолго чувство на ситост. Затоа се одлични како закуска, во салата или со сендвич, ако сакате да ја држите тежината под контрола.

Translate »