Кои министерски позиции ќе ги добие ВМРО ДПМНЕ со техничката влада?

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12-ти април следната година – ова е епилогот од лидерската средба кај претседателот Пендаровски во вила Водно која се одржа вчеравечер како резултат од негативниот одговор кој државата го доби од Брисел по повод добивањето датум за преговори со ЕУ.

На лидерската лидерите на најголемите политички партии во земјава се согласија за предвремени парламентарни избори на 12-ти април следната 2020-та година.

Дотогаш, односно на 100 дена од денот на изборите државата ќе ја води техничка влада.

Соглсно Договорот од Пржино, од јуни 2015-та година која беше потпишан од  лидерите на тогашните четири најголеми партии во Македонија, Никола Груевски – ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев – СДСМ, Али Ахмети – ДУИ и Мендух Тачи – ДПА предвидено е на 3 јануари да почне да работи новата техничка влада, чија задача ќе биде спроведување на изборите и која ќе има мандат до одржуваењето на изборите.

Заев вчеравечер по лидерската средба кај претседателот Пендаровски, најави дека согласно договорот за т.н. Пржинска влада, тој ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари. Техничкиот премиер кој ќе го замени, како што изјави Заев, ќе биде избран во СДСМ по пат на внатрешни консултации, додека во јавноста веќе простуија шпекулации дека на премиерското столче ќе седне актуелниот минитер за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски.

Последен пат Македонија имаше технички премиер од јануари 2016 година, кога на таа функција беше поставен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, откако предизборно оставка поднесе тогашниот премиер Никола Груевски. Димитриев остана на позицијата до јуни 2017 година, кога на негово место дојде Заев.

Кои министерства ќе ги превземе опозицијата?
По потпишувањето на Договорот од Пржино пред 4 години односно во 2015-та година, СДСМ која тогаш беше во опозиција ги доби министерските места во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.
Министри од СДСМ станаа Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, кој и моментно е на оваа функција и Фросина Ременски, министерка за труд и
социјални работи, која моментално е потпреседателка на Собранието и пратеничка и е осомничена за случајот „Рекет“.
СДСМ ги доби и заменичките места во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за
информатичко општество.
Истите позиции овој пат ќе ги добие опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Translate »