Нина Јанева: Гледам неколку мачиња што со ,,режимот,, беа братче знаеш
Пејачката Нина Јанева остро реагираше на „Излези ЗА европска Македонија“, официјалната песна и видео спот, на кој низа естрадни уметници и глумци пеат за поддршка на референдумот.
Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Владо Јаневски, Виолета Томовска, Бени Шаќири, Ѓоко Таневски, Дарио, Драган Спасов – Дац, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Дани, Викторија Лоба, се дел од имињата кои ја изведуваат референдумската песна, а за кои Нина не штедеше на зборови.
“Го изглеав спотов на овие ретардираниве властодржци.
Тука гледам неколку мачиња што со “режимот” беа братче знаеш, шемите, белото, дискотеките, шуш буш.
После чув дека биле репресирани од истиот. Ете ги истите цицаат и од овие профитериве.
Колеги драги: за жал, ми е срам да Ве наречам колеги денеска.
Ама па од друга страна и мене да ми понудеа 3-4000 евра НИКАД НЕМАШЕ ДА СИ ГО ПРОДАДАМ ИМЕТО И КРВТА.
Браво мачиња, штотуку ги е.авте сите музичари што со векови ја пееле традиционалната македонска песна, на кои вие мачиња сите до еден имате примено хонорарчиња од “режимот” кога ги преработувавте сите за едицијата на Агенција за млади и спорт.
Браво мачиња, дотерани сте, скоцкани и многу убаво изгледате додека ги кењате Васка Илиева, Вања Лазарова, Војо Стојановски, Сариевски, Јонче Христовски… Браво мачиња.
Браво мачиња што сте ја претставувале државава надвор од нејзините граници, ама очигледно друго било работава.
На крај откако ви платија, ве шљакнаа по газето? Ви рекоа Ал кол ју? Пу!!”