Сигмунд Фројд: Мажот е среќен со секоја жена се додека не ја засака
Прочитајте ги овие мудри забелешки на таткото на психоанализата и многу работи ќе ви станат јасни или барем ќе ги согледате од друга страна. Еве неколку тези на Сигмунд Фројд:
-Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемите кои можат да ве извадат од такт
-Мажот е среќен со секоја жена се додека не ја засака
-Пред да заклучите дека имате депресија и ниска самодоверба, задолжително проверете да не сте опкружени со идиоти
-Се што правите во креветот е прекрасно и апсолутно исправно. Важно е тоа да им се допаѓа и на двајцата
-Кучињата ги сакаат своите пријатели , а ги мразат непријателите, сосем спротивни се луѓето. Тие не се способни за чиста љубов и ја мешаат љубовта со омразата
-Неврозата е неспособност да го толерирате нејасното
-Колку е посовршен човекот од надвор толку крие повеќе демони во себе
-Прв знак на глупоста е целосното немање срам
-Децата се вистински егоисти: силно ги чувствуваат своите потреби и ги интересира само да ги задоволат
-Најранливи сме кога сакаме, а најнесреќни кога ја губиме љубовта
-Луѓето се поморални отколку што мислат, а многу понеморални отколку што можат да си претпостават
-Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален
-Ако сте му простиле на човек се, значи дека сте го отпишале засекогаш
-Времето поминато со мачки никогаше не е изгубено време
-Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката отколку да ја најдеме радоста
-Во моментот кога човек ќе почне да се сомнева во својата вредност, тој станува болен