Кои продукти во исхраната можат да го зголемат ЛИБИДОТО?

Ниското либидо создава потешкотии во било која возраст од животот. Проблемите со ниско либидо можат да бидат причинети од најразлични причини, вклучително:

• ниски нивоа на тестостерон
• депресија
• стрес
• проблеми со врските
• некаква сексуална дисфункција
• прекумерна телесна тежина
• апнеја при спиењето или
• зависност од дрога или алкохол.

Поради овие причини, многу луѓе се прашуваат што можат да направат во врска со овој проблем, а тоа да не бидат медикаменти кои можат да имаат низа на несакани дејства. Дополнително, тие нема да го решат коренот на проблемот, значи кога ќе им помине дејството проблемот е повторно со нас.

Како да го зголемите либидото преку исхраната

Покрај тоа што правилната, здрава исхрана помага во секој дел од нашето живеење, постојат некои прехранбени намирници за кои постои некаква научна поткрепа дека  можат да помогнат во зголемувањето на либидото:

• Лубеница – во 2008 година, едно истражување од САД, покажало дека лубеницата може да има одличен ефект во однос на сексуалната желба. Имено, нејзините фитонутриенти цитрулин, бета-каротен и ликопен, се покажале како одлични во опуштањето на крвните садови. Иако лубеницата не може да се смета за специфичен лек за еректилна дисфункција, сепак може значително да помогне, без притоа да има било каков несакан ефект.

• Банана – особено хранливи намирници кои според некои анимални спроведени студии, можат да помогнат во зголемување на нивоата на женските хормони кои се значајни за либидото.

• Морско оревче, шафран и каранфилче – повеќето зачини се богат извор на антиоксиданти, што е од особено значење за целокупното здравје, вкучително и за либидото. Морското оревче, во анималните студии се покажало како особено успешно во зголемување на либидото. Каранфилчето е особено добро кога станува збор за подобрување на здивот.
Шафранот пак, според неколку студии, може да помогне во подобрување либидото, кај жени кои се на антидепресивна терапија, но и кај мажите со еректилна дисфункција.

• Темна чоколада – истражувањата покажуваат дека јадењето темна чоколада може да поттикне лачење на серотонин, поради содржината на триптофан во неа. Ова, освен што има ефект на подобреното расположение, може да има и ефект на афродизијак.

• Бразилско оревче – оваа храна е особено богат извор на селен, минерал кој игра значајна улога во одржувањето на нормални, здрави нивоа на тестостерон во организмот.  Исто така, бразилското оревче ја помага продукцијата на серотонинот, слично како темната чоколада.

• Високо-протеинска храна – рибата и јајцата, исто така можат да придонесат за подобрено либидо.

• Корен ,,мака” – овој корен познат како мака е адаптогенска билка и е доста популарна билка во традиционалната медицина, кога станува збор за подигнување на сексуалната желба.

• Пискавец (грчко семе) –  оваа билка е достапна и во облик на етерично масло, кое помага особено за либидото на мажите. Консумирањето на пискавец може да го подобри либидото, сексуалното задоволство, како и нивото на тестостерон. Има малку непријатен вкус, но доколку добро се зготви е вкусна.

• Вода – погрижете се да не сте секогаш доволно хидрирани и поради повеќе здравствени бенефити. Кога зборуваме за либидото, исто така, дехидрираноста делува негативно. Ако сакате да избегнете замор, главоболка, суваа уста, пијте доволно вода!

Пушењето цигари, исто така влијае многу негативно на либидото, но може да влијае и на смалување на плодноста.

Translate »