Пердју: Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува
Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор.
На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговори дека тоа е големо разочарување.