Како да им кажеме на работа дека сме болни?
Се ве боли, затнати сте, имате температура, но сепак одите на работа. На работа ви станува уште полошо, а колегите ве одбегнуваат, плашејќи се дека ќе ги заразите. Непријатна ситуација, нели? Најчесто тоа го правиме од само една причина – незгодно ни е да му кажеме на шефот дека сме болни. И така тоа оди во бескрај, се додека не ни пукне филмот и посакаме , иако сме здрави, да отсуствуваме од работа, бареме ден ден , за да се одмориме.
Една студија направена во светски рамки, покажа дека ако сакате да излажете дека сте болни, најдобро време е тоа да го направите во понеделник , рано наутро, еден час пред почетокот на работното време. Притоа не заборавајте дека е OK ако земете еден слободен ден.
Анкетата спроведена на над 1000 луѓе, покажала дека 80 проценти од вработените кои се јавуваат дека се болни, веќе напладне чувствуваат грижа на совест. Интересен податок, нели? Десет проценти на работа отишле попладне, а 39 проценти работеле дома. Двајца од десет испитаници, се вратиле на работа кога тоа било побарано од нив.
Истражувањето покажало дека дури 74 проценти работат и кога се болни.