Дали сте психопат? Проверете се, можеби ќе ве шокира вистината!

 

Погледнете ја убаво сликата и изберете лице кое кај вас предизвикува силно чувство на одбивност  и страв.

Тестов е направен од унгарскиот психијатар Леополд Сонди и покажува што потиснувате во својата потсвест, односно која е вашата темна страна. Психолозите  тврдат дека во секоја личност има темна страна која ја криеме од другите, но и од себеси.  Со тестов  за неколку минути ќе ја откриете  таа  репресирана страна.  Тестот е направен на принцип на проекции уште во 1935 од познатиот психијатар.  Мораме да ве предупредиме, резултатите на тестот не покажуваат дека имате ментално пореметување, туку  покажува како се одразуваат потиснатите импулси во деството врз различни психолошки типови на личноста .

 


1.  САДИСТ

Вашата темна страна е доминацијата. Вие сте доминанта личност, која не им дозволува на  луѓето кои се  околу вас да ви противречат или да ви кажуваат што да правите,  а кога тоа ќе се случи, се правите глуви,  ги игнорирате  и си продолжувате по свое.  Најверојатно  уште од детство сте го потиснувале својот карактер,  бидејќи само ве вовлекувал во неволји.  Постои голема веројатност дека како дете сте биле репресирани или сте имале авторитативни родители.  Ова  сте го потиснале во себе, а сега, на површина,  сте мирни, безопасни и секогаш подготвени да помогнете на другите. На работното место, вашите шефови тешко се справуват со вас. Кога не сакате нешто да направите, давате пасивен отор, доцните или секогаш сте лошо расположени, со што на долги патеки ги изморува и ги иритира вашите раководители.

2. ЕПИЛЕПТИЧАР

Најверојатно оставате впечаток на  срдечна и мирољубива личност , која  ги  држи емоциите под контрола, но во себе криете  агресија, лутина, импулсивност и раздразливост.  Во раното детство најверојатно сите овие особини  сте морале да ги потиснете длабоко во себе бидејќи не сте смееле или ви било забрането да ги покажувате.  Таа своја темна страна сте ја потиснале длабоко во себе и сте се трансформирале во човек кој секогаш е подготвен да помогне,  стабилна  личност која не бега од одговорност и лесно се поврзува со средината и новите идеи. Но, луѓето околу вас не моажт ни да си претпостават  колку пати сте посакувале да ги удрите со некаков предмет по глава или да ги “отерате бестрага”. Симптомите на внатрешна раздразливот, како и  нападите на бес и гнев , се поврзуваат со некои дисфункции  или болести на мозгот како што е епилепсијата.

3. КАТАТОНИЧАР

Најверојатно во вашето детство сте имале преголема  фантазија, а тоа предизвикувало проблеми со вашите родители. Поради губењето на контакт со реалноста,  можеби сте биле и казнувани, а како резултат на тоа сте ги  потиснувале фантазиите и вашата ментална хиперактивност. Ова потиснување ве трансформирало во конзервативна и  срамежлива личност, тешка за адаптација и со одбрамбен став .  Се однесувате според одреден стереотип  и тешко  излегувате од рамките кои сами сте си ги воспоставиле. Но, кога не ве гледа никој, често ви се случува да заскитате со мислите, а ако некој ве фати во тоа, останувате засрамени.

4. ШИЗОФРЕНИК

Зад вашата маска на исклучително дружељубива личност која постојано сака  да биде опкружена со луѓе, се крие  тивка и затворена личност, која сонува за осаменост и е дистанцирана од другите. Поради оваа причина,  вашиот однос со другите најчесто  е површен, а кога ќе почнат да се  појавуваат некакви  чувства,  бегате како ѓавол од темјан. Длабоко во себе можеби  чувствувате дека не ви треба никој, дека сте изолирани и не ви е грижа за  другите. Веројатно уште во детството да сте доживеале силна апатија и рамнодушност , но бидејќи овие особини  се сметаат за неприфатливи , сте се трансформирале во спротивното, друштвена личност која е постојано со луѓе, а внатре во себе се чувствува оддалечена и дисконектирана.

5. ХИСТЕРИК

Во вас се крие личност која  копнее да биде центар на вниманието. Ја потиснувате вашата желба да бидете ѕвезда меѓу другите, да се појавувате, како и вашите наративни налети. Веројатно како дете често сте биле казнувани бидејќи очајно  сте сакале внимание и одобрување , а сега сте ја  потиснале таа потреба во својата потсвест.  Околината ве  доживува како  прилично тивка и срамежлива личност, која ретко зборува,  а  вие длабоко во себе посакувате да бидете забележани и пофалени.  Многу внимавате како се однесувате и како изгледате. Секогаш сакате да бидете елегантни и со стил, а најчесто вашиот изглед го надоплнувате со некој екстравагантен детаљ, кој привлекува внимание.

6. ДЕПРЕСИВЕЦ

Длабоко во себе вие имате  ниска самодоверба, комплекс на инфериорност и силно чувство на вина. Се чувствувате како тажен  кловн, кој во текот на денот ги  забавува луѓето или ги слуша нивните проблеми, а навечер потонува во меланхолија. Вашата околина ве доживува како позитивна и динамична личност, а вие во себе се  чувствувате депресивно  и мрачно, но сепак се држите под контрола.  Често си земате улога на психолог кој се обидува да ги реши проблемите на другите, само за да не размислувате за своите. Сепак не им верувате многу на луѓето, ги преиспитувате и нив и себеси.

7. МАНИЈАК

Можеби за средината сте пример на разумност, претпазливост и воздржаност, но длабоко внатре сте полни со себе и сметате дека сте супериорни. Во вашата потсвест се крие личност која е полна со возбуда и егзалтација. Најверојатно во детството овие емоци  ви биле забранети како несоодветни и заради тоа сте  научиле да ги потиснувате  и да не ги покажувате пред другите. Сте се трансформирале во личност која не сака провокативни ситуации, мрази екстреми и  ексцеси. Средината ве доживува како дискретна и воздржана  личност.

 

8. АНТИСОЦИЈАЛНО  ПОРЕМЕТУВАЊЕ

Во вас се кријат најмалку две личности. Во детството можеби сте имале проблем со  идентитетот, притоа најчесто се работи за сексуален идентитет. Сте посакувале да бидете со спротивен пол од вашиот, но ваквото  двоумење и размислување ви било забрането во вашата средина.  Можете лесно да ги видите и двете страни на паричката, но се плашите да бидете тоа што сте во душата и затоа научивте да го потиснете тоа чувство. Со тек на времето сте  се трансформирале во личност која мора постојано да го докажува својот пол. Ако сте маж , настојувате да сте типичен ‘мачо”, а ако сте жена, покажувате типична женственост, бидејќи се плашите дека луѓето околу ќе сфатат дека сте всушност и двете.

Translate »