Три месеци живеел на аеродром поради неговиот страв од Ковид
Човек кампувал на аеродром цели три месеци, тврдејќи дека бил премногу исплашен да лета поради пандемијата.
Адитија Синг (36), е уапсен во сабота бидејќи живеел на обезбедуваната територија на Меѓународниот аеродром во Чикаго.
Тој бил воочен од персоналот на аеродромот кога му била побарана лична карта, а тој покажал беџ кој бил пријавен за изгубен од страна на оперативниот менаџер уште во октомври.
Полицијата вели дека Синг пристигнал на Меѓународниот аеродром О’Хара на 19 октомври, пристигнувајќи на лет од Лос Анџелес.
Тој го пронашол беџот во аеродромот и бил „исплашен да оди дома поради Ковид“, вели помошникот државен правобранител Кетлин Хагерти.
„Chicago Tribune“ објави дека тој живеел од донации на патниците.
Тој сега е обвинет за кривично дело злоупотреба на ограничено подрачје на аеродром и прекршочна кражба.
Тој треба да плати кауцијата од 1.000 американски долари , изабранет му е влез на аеродромот.
Одделот за авијација во Чикаго, кој ги надгледува градските аеродроми, во изјава вели: „Додека овој инцидент е се уште под истрага, успеавме да утврдиме дека овој господин не претставува безбедносен ризик за аеродромот или за патувачката јавност“.
Г-дин Синг треба да се врати на суд на 27 јануари.