Јанчев: Мора да се смени раководството на ВМРО-ДПМНЕ, доколку сакаме партијата да опстои

„Го немам мнозинството во Советот на Кавадарци, но ја имам максималната поддршка од него и од централната власт во делот на проекти и финансирање. Ќе се кандидирам за втор мандат“, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за емисијата „Клик плус“.

Тој наведе дека до денес се уште нема комуникација со централното раководство на партијата.

„Видовме во последните 3 години каде се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ, во каков правец се движи и каква деструктивна политика води. Партијата има повеќе циклуси на изгубени избори и сметам дека треба да се смени раководството. Во прашање е опстанувањето на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцира Јанчев и додава дека има контакти со одредени луѓе кои се загрижени за иднината на партијата, за одење на предвремен конгрес.

Translate »