Потврден датумот на кој Македонија ќе брка историја против Косово

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа пред историски успех и само два натпревари ја делат од пласман на Европското првенство.

Избраниците на Игор Ангеловски на 26. март против Косово требаше да бркаат пласман во финалето од плеј-офот за континенталниот собир, меѓутоанатпреварот беше одложен поради коронавирусот.

Сега е познат новиот термин на кој ќе се одигра оваа средба. Македонија ќе го пречека Косово на 4. јуни пред полни трибини во Скопје. Финалниот натпревар е закажан за 9. јуни по што ќе биде познат и патникот на Европското првенство од Лига Д во Лигата на Нациите.

Translate »