Македонски Телеком ќе спроведе симулациона вежба за противпожарна евакуација во зградата на Телекомуникацискиот центар (Орце Николов бб)
Македонски Телеком ќе спроведе симулациона вежба за противпожарна евакуација во зградата на Телекомуникацискиот центар (Орце Николов бб) на 15 мај, вторник, од 9:30 часот. Целта на оваа вежба е превенција, намалување на ризик како и правилно и навремено реагирање на вработените при пожар или друга непогода за време на работа.
Во активностите ќе бидат вклучени: Противпожарната единица на Град Скопје, Итната медицинска помош, Црвениот крст и Министерството за внатрешни работи.
Со оглед на тоа што вежбата ќе изгледа реално, ги известуваме граѓаните дека станува збор за симулација, а не за реална ситуација.
Вежбата ќе се одвива во „ТК центарот“ но и на улицата „Орце Николов“ на потегот од Охридска банка до хотелот Ибис, каде е можен застој на сообраќајот во горенаведениот период. Акцијата се планира да заврши до 10:30 часот.