Резултати за 15 минути – почна примената на брзи ковид-тестови, телефонски ќе може да се закажуваат термини

Почна примената на брзите тестови за Ковид–19, потврдил за МИА д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација во земјава што почна со изработка на брзите тестови. Станува збор за тестови од фирмата „Abbott“ кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот.

Министертсвото за здравство известува дека денеска ќе пристигне донација од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.

„13.000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“ изјави министерот Венко Филипче.

Се поставува прашањето дали овие 13.000 тестови ќе бидат бесплатни, или граѓаните ќе ги плаќаат по цена од 1.000 денари.

Некои граѓани на социјалните мрежи реагираат зошто ако овие тестови се донација, ќе ги чинат граѓаните по 1.000 денари. Кај нив се создава револт по ова прашање. Затоа, здравствените власти ќе треба да објаснат детали овие 13.000 тестови кои се донација, ќе се наплатуваат за граѓаните, или ќе бидат бесплатни.

Граѓаните може да закажат тестирање на бројот е 02/2041625.

Translate »