Снег во Црна Гора, поплави во Босна, дождови на цел Балкан

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Во северниот дел на Црна Гора деновиве падна и снег и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.

На Жабљак и натаму  паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.

Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има дури од викендов

Од завчера попладне се намали јачината на ветрот кој предизвика голема материјална штета во Загреб, а врнежите од дожд продолжија во Хрватска. Во делови на БиХ ситуацијата е критична поради поплавите, каде и денеска се трага по шестгодишно дете кое паднало во надојден поток.

Сите надлежни служби во Загреб беа ангажирани за санирање на проблемите предизвикани од силниот ветер.. Во текот на невремето  загрепските пожарникари имале над 460 интервенции.

– Прогнозите не се добри. Во следните два дена очекуваме уште 50 до 100 мм дожд во континенталните делови на Хрватска, а исто така и многу дожд во БиХ, што ќе влијае на водостојот на реката Уна, изјави завчера генералниот директор на Хрватски води, Зоран Ѓурковиќ.

Интензитетот на ветрот а се намали и во Босна и Херцеговина, но дождот не запре.

Обилните дождови во БиХ предизвикаа поплави на север и во централните делови на земјата, каде одделни места се отсечени, а граѓаните пријавуваат проблеми со снабдувањето со вода и струја.НА критичните места има евакуација.

Србија исто така е со вршежи, очекуваат зголемен водостој од реките во Босна но не ошекуваат да бидат надминато критичните точки.

Во Македонија дождови  кои полека се движат кон Грција.

Translate »