Вимавајте! Овој лек против болки може да доведе до импотенција!

Внимавајте какви лекови пиете и никогаш не  ги земајте на своја рака. Медицинските истражувачи од Универзитетот во Копенхаген открија дека добро познатиот лек против болки  ибупрофен може да има негативно влијание врз машките секс  хормони.

Ако го земате долго време (1200 милиграми дневно во тек на  шест недели), овој лек може да доведе до еректилна дисфункција, загуба на мускулите и депресија.

Научниците го тестирале овој лек на  30 здрави и млади мажи на возраст меѓу 18 и 35 години, кои земале шест таблети секој ден во период од  шест недели.

По две недели, учесниците во истрашувањето развиле  хипогонадизам, полово хормонална дисфункција која влијае на секс  хормоните,  кои го регулираат производството на тестостеронот.

Ниското нивоа на тестостерон може да доведе до развој на ткивото на дојката и да ја намали мускулната маса.

Проблемите исчезнале откако  мажите престанале да го земаат овој лек.

Сепак, научниците изразија загриженост дека овие состојби може да станат трајни ако ибупрофенот се зема  на долг рок.

 

Translate »