Инцидент кој го одбележа натпреварот во Мелбурн: Жена му покажа среден прст на Надал, а неговата реакција е хит
Вториот најдобар тенисер на светот имал повеќе проблеми со некултурната навивачка, отколку со противникот на терен.
Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Австралијан опен, каде што ќе го дочека Британецот Камерон Нори.
Американецот Мајкл Мо не претставуваше поголема препрека за Надал, кој што со убедлива победа си обезбеди пласман во наредното коло на турнирот.
Тоа што го одбележа овој натпревар е несовесната навивачка која што неколку пати му пречела на тенисерите, особено на Рафаел Надал.
Таа повеќе пати викала гласно од трибините, за во еден момент да покаже среден прст.
Морало да реагира и обезбедувањето од турнирот, но сепак таа давала отпор, па поради тоа морале да ја изнесат од трибините.
Камерите ја покажувале неколку пати во текот на натпреварот, и тоа во крупен кадар, па впечатокот дека претерала со алкохолот и дека последиците од нејзиното однесување предизвикале да ја исфрлат од трибините – е точен.
По натпреварот, во текот на интервјуата на терен, Надал добил прашање за тоа дали ја познава госпоѓата, на што тој дал одговор кој што го насмеал целиот стадион:
„Не, искрено ниту сакам да ја познавам“, се насмеал Надал како и сите останати кои што биле присутни.
„Верувам дека никој од нас тоа не го сака“, повтрдил и водителот.