Димитар Апасиев со навредлив коментар кон министерот за правда Бојан Маричиќ. Објавата гласи: Маричиќ, ГНИДО ОКУПАТОРСКА!
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи повторно упати навредлив коментар овјопат кон министерот за правда Бојан Маричиќ. Објавата гласи: Маричиќ, ГНИДО ОКУПАТОРСКА!
Апасиев вчера упати навреди и кон градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, откако неговото возило беше подигнато од скопската пајак служба поради непрописно паркирање.
„А бе ШИЛЕЏЕ, несреќо скопска. Па шо не кажуеш у јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место у зграда, на скопјани си им наплаќал 5% ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18%, без притоа да има никакви законски измени у меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој кошта 2.000 ЕUR, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок!!! Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејбук.