Вината Каберне Совињон на Бовин освоија злато на престижниот француски вински натпревар CIDC 2024
Каберне Совињон Барик од Винаријата Бовин се закити со златен медал на реномираниот Concours International des Cabernets во Франција. Ова признание го става гроздоберот на Бовин од 2019 и 2020 година меѓу најдобрите кабарнеа во светот, истакнувајќи го неговиот исклучителен квалитет и изработка. Виното, прославено по својата брилијантна рубин боја и ароматичен профил, може да се пофали со сложени ноти на билки, капини и цреши, што го прави издвоен меѓу конкурентите.
Натпреварот, кој е во организација на Armonia и вклучува учество на Union de la Sommellerie Française, е значаен настан во винската индустрија. Жирито, составено од истакнати сомелиери, спроведе слепи дегустации за да има непристрасност, и ги оценуваа вината врз основа на интензитетот на мирис и целокупниот профил на вкусот. Каберне Совињон 2020 на Бовин постигна импресивни 89 од 100 поени, Каберне Совињон 2019 на Бовин постигна 87 од 100 поени, надминувајќи го вкупниот просек од 81,3 на конкуренцијата, обезбедувајќи го златниот статус на овие две вина.
Победата на Concours International des Cabernets зборува за посветеноста на винаријата Бовин на префекција и на способноста да произведува врвни вина кои резонираат и кај експертите и кај потрошувачите. Оваа победа не само што ја зголемува репутацијата на Бовин туку и го нагласува квалитетот на македонското производство на вино на светската сцена.