Филипче: За колективен имунитет 60 до 70% од населението треба да се вакцинира

Генералното правило за имунизација е дека за колективен имунитет 60 до 70% од населението треба да се вакцинира, вели министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Клик Плус“.

– Со ова, може да се смени сликата со КОВИД-19. Во однос на реакциите по вакцинацијата, досега нема публикации кои укажуваат на нешто невообичаено во споредба со другите вакцини. Станува збор за прилично сигурен начин и развој на вакцини. Тоа што засега се знае е дека вакцината штити од инфекција за период од 6 до 9 месеци, изјави Филипче.

Translate »