Летото е совршено време за садење растенија што сакаат топлина!

Многумина веруваат дека пролетта е единствената сезона за садење, но летото нуди уникатни можности за градинарите да ги прошират и збогатат своите зелени простори. Со вистинско знаење и пристап, садењето во лето може да донесе живописни резултати и градината да стане бујна и жива и во најжешките месеци во годината.

Една од најважните предности на летното садење е топлата почва. За разлика од раната пролет, кога земјата сѐ уште е ладна, топлината на летната почва дозволува побрз развој на корените и така растенијата добиваат силен старт. Ова е особено корисно за повеќегодишните растенија и грмушки кои брзо се подготвуваат за претстојниот зимски период.

Летото, секако, е совршено време за билки што сакаат топлина и што можеби би се мачеле во постудените сезони. Многу цвеќиња, треви, напредуваат во летната жештина, раѓаат цветови што можат да ја разубават градината, со најразновидни текстури и бои.

Залевањето е клучно за време на летното садење. Иако топлината може да биде интензивна, редовното и соодветното залевање може да помогнат во задржување на влагата во почвата, а растенијата да останат хидрирани и здрави. Садењето во вечерните часови или рано наутро може да го намали стресот врз билките и така добиваат најдобра шанса да се вкоренат. Едноставно набавете растенија одгледани во саксија (контејнерски), добро вкоренети со добро развиен густ компактен корен. Практично кога ќе го повлечете растението од саксијата коренот да илезе како калап, компактен со видливи коренчиња околу бусенот* Тоа е знак за квалитетно одгледано – погодна садница за добар старт.

Најчесто растенијата сакаме да ги набавиме од доверливи места, како што е кај нас градинарскиот центар ФОЈА, каде постои дваесетгодишна традиција на негувани локални градини и стручни совети кога се двоумиме за летното садење. Покрај широк избор тука може да се сретне неверојатна посветеност да и се помогне на заедницата и да се создадат убави и одржливи градини преку целата година.

Затоа не треба летото да биде обесхрабрувачко, па ни жештината. Ако се одберат вистинските растенија, со малку грижа и стручни совети, градината може да напредува преку целото лето и понатаму во останатите сезони. Во градинарскиот центар Фоја ќе ви помогнат да направите избор, но и да учествувате во чинот на садење на вашата иднина.

Садници на следниов линк https://foja.com.mk/shop/

Translate »