Бугарски „24 часа“: Софија може да го тргне ветото за С. Македонија

Според бугарскиот весник „24 часа“,  Бугарија ќе дозволи С. Македонија да може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, во замена за гаранција, со која во секое време ќе може да ја блокира нашата земја.

Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да ѝ се гарантира на Бугарија дека нема „повеќе да биде измамена“, но и на Скопје дека нема да ја изгуби шансата за полноправно членство во ЕУ.

„Бугарија ќе има право на вето во секое време, а Македонија ќе може да ги започне пристапните преговори за 10 дена. Тоа може да се случи ако сите спорни прашања бидат вклучени во патоказ за членство на С. Македонија, што ќе го одобри Советот на ЕУ“, пишува „24 часа“.

Истиот медиум вчера објави дека Бугарија не е сама во блокадата на Македонија за влез во ЕУ, туку дека има поддршка од најмалку уште две земји на ЕУ, меѓу кои Холандија и Данска. После ова, следуваше демант од Холандската амбасада во Скопје, како и Данското министество за надворешни работи.

Translate »