ХАОС ВО БЕЛГРАД Свештеник меѓу приведените противници на Прајд, има повредени (ВИДЕО)

Во близина на српското Собрание во Белград дошло до физичка пресметка меѓу противниците на Прајд и полицијата.

Како што јавува репортерот на Нова.рс, екскомуницираниот монах Антоние прво бил одвоен од толпата, а потоа внесен во полициска станица. Како што пишуваат српските медиуми, тој претходно со шише ја гаѓал новинарската екипа на Н1.

Полицијата ги турка демонстрантите подолу од Собранието.

Приведени се неколку лица. Меѓу нив се и двајцата кои го украле главниот транспарент за денешната прошетка на Еуропрајд.

https://www.instagram.com/reel/Cim7aNHoc29/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a654e27a-fd2e-43f8-81be-48381908a192

Translate »