Поранешна спортистка откри колку заработува од филмовите за возрасни

Поранешна спортистка, возач на суперавтомобили Рене Грејси го напушти професионалниот спорт и започна кариера во порно индустријата.

25-годишната девојка се пласирала на трката во Батурст во 2015 година, но кога сфатила дека нема да направи голема кариера зад воланот, се префрлила на кариера пред камерите за филмови над 18 години.

За време на гостувањето на подкастот „Сè е вистина“, Грејси потврди дека само во првата недела заработила над 20.000 евра од снимањето на 18+ снимки на платформата за возрасни, додека заработила над четвртина милион евра во текот на летото.

„Сега сум во извонредна позиција кога станува збор за парите и се подготвувам за предвремено пензионирање“, рече таа.

Партнер во филмовите што ги прави во нејзината спална соба е нејзиното момче.

Таа додаде дека грижата за финансиите му ги оставила на нејзиниот татко.

“Тато знаеше сè од самиот почеток, но содржината што ја продаваме не го интересира. Кога сфати за каква заработка станува збор, тој ме поддржа во мојата новоизбрана кариера”, рече таа.

„Можете исто така да кажете дека тој е горд на финансиската состојба што ме доведе во оваа ситуација, но и на она што го направив со мојата страница“, заклучи Рене.

Translate »