Коронавирусот „владее“ во Италија, над 19 илјади заразени во еден ден!
Во Италија во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.
Претходниот рекорд беше вчера, кога имаше 16.079 новоинфицирани.
Во Италија, од почетокот на епидемијата, потврдени се 484.869 случаи на Ковид-19, а починале 37.059 лица.
Владата, најверојатно, ќе воведе ограничувања ако смета дека постојните мерки, како што се маски на отворено, немаат доволно ефект да ја запрат пандемијата. Покрај тоа, официјалните лица работат на список на несуштински активности што можат да бидат запрени.
Полицискиот час се очекува да биде воведен доколку кривата поврзана со бројот на пациенти на интензивна нега „не се врати назад за седум дена”. Ако има полициски час тој е биде од 21 часот.