Тони Стојановски: многу брзо НЛБ Банка ќе биде целосно дигитална банка

Стратегијата на НЛБ Банка Скопје е до 2030 година да биде целосно дигитална банка, да обезбеди супериорно корисничко искуство, високи перформанси, да биде столб на стабилност и одржливо работење.

Денес НЛБ Банка Скопје е фокусирана на иднината повеќе од кога било. Динамичниот свет во кој живееме и технологијата која се менува со брзина на светлината, целосно го преобликува нашето работење и нашите стратешки приоритети. Инвестираме во дигиталната трансформација, ги прошируваме нашите услуги и го преобликуваме искуството на нашите клиенти. Иднината отвора нови хоризонти и безброј нови можности. Со наследството кое го носиме и иновациите кои ги воведуваме, немам сомнеж во успехот, смета Стојановски.

НЛБ Банка Скопје годинава одбележува 40 години од своето основање. Одбележувањето на овој значаен јубилеј, веќе од денеска, Банката го започнува со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“, порака која како што велат од Банката, силно допира до секој еден кој знае да сонува, но и да се охрабри и да влезе во светот на бескрајни можности.

Translate »