Би-Би-Си: Што ако договорот не успее?

Во деталниот извештај за договорот за името постигнат меѓу Македонија и Грција се вели дека сега и оние 140 земји кои не признале под уставното име ќе мораат да го прифатат терминот Република Северна Македонија. Би Би Си пренесува дека новото име е Република Северна Македонија, но и дека јазикот ќе биде македонски, а националноста- граѓани на Република Северна Македонија.

Британскиот сервис дава историјски и географски преглед на спорот за името , со констатација дека во  грчката опозиција, но и кај  владиниот партнер “Независни Грци” постои отпор кон новото име, кое го вклучува терминот Македонија.  Би Би Си го  поставува прашањето што ќе се случи доколку договорот сепак пропадне.

“Се може да се случи во периодот на жешкото и долго лето, кое претстои. Одложувањата може да влијаат врз договорените рокови , па може да има и реперксуии врз двајцата лидери. Заев и Ципрас ќе мора да се соочат со опозицијата во нивните земји. Националистичката партија”Независни Грци” може да го отфрли договорот, но малку е веројатно дека ќе ја стави во ризик владеачката коалиција ,  во која учествува.

Иако двајцата премиери ја презедоа контролата врз процесот, може многу лесно да биде  повикан медијаторот Нимиц да интервенира ако за тоа се појави потреба. Од 1994 година, медијаторот тивко посредува меѓу Скопје и Атина, обидувајќи се да изнајде заеднички темели врз кои евентуално  би се изградил договорот. Тешко е да се предвиди како би можело да дојде до некаков друг договор,”  јавува Би Би Си.

Translate »