Садејќи растенија придонесуваме кон поквалитетен живот!

Да се потсетиме на придобивките од растенијата кои се многукратни: пред се можноста за производство на здрави плодови за луѓето, но и храна за животните, птиците и инсектите. Растенијата  влијаат за заштедување на вода и енергија, придонесуваат кон заштита на загадување на водите,  спречување на ерозија и свлечишта и заштита од ултра виолетови зраци.
Корените на растенијата делуваат како природен филтер.

Целото количество на јаглерод диоксид  што би го испуштил само еден автомобил на пат од 45 000км, може да го апсорбира само еден хектар на посадени дрвја. Кислородот се враќа назад во воздухот преку трансформацијата на абсорбираниот јаглерод диоксид.

Климатските промени го нарушуваат балансот на рамнотежата. Дрвјата како најголеми пречистувачи можат да ги апсорбираат мирисите и загадувачки гасови (азотни оксиди, амонијак, сулфур диоксид и озон), притоа филтритирајќи ги честичките од воздухот и заробувајќи ги на своите листови и кората.

Старите дрвореди ги пречекуваат љубопитните домашни и странци на големите авении и булевари, прочистувајќи го воздухот и правејќи шарени сенки.

За пример: Еден хектар со дрвја за една година може да произведе доволно кислород за 18 луѓе.


Сончевите зраци тешко продираат низ бујните кошни, но тоа носи ладовина.Се претпоставува дека растенијата можат да ги разладат градовите 10-12 степени, правејќи големи сенки и украсувајќи ги големите авении со пространи дрвореди.

Да не ги заборавиме здравите и сочни плодови, кои секој на свој начин претставуваат и храна и лек.

Погледот кон природата ја зголемува концентрацијата и го намалува психичкиот умор.

Многу студии покажале дека пациентите заздравуваат побргу со гледање во природа и растенија.

Растенијата ги означуваат годишните времиња и му даваат боја на секое ново тромесечје и обезбедуваат живеалиште за многу птици и животни.

Честа е сликата на гнездата во крошните на големите дрвја низ парковите, каде цели семејства го нашле своето засолниште.

Интересна е глетката на вертикалните градини како нов декор на старите зидови на фасадите, а во истовремено корисна заштита од звучните бариери, посебно во метрополите. Куќите со убаво уредени дворови добиваат поголема вредност и интерес на пазарот на новите купувачи.

Сепак, меѓу најважното се медоносните растенија чиј полен е храната и заштитата на пчелите. 
Сето ова не потсетува дека растенијата со својата грижа, убавина и блискост во секој простор на отворено, надвор или внатре, ни даваат хармонија на дом и чувство на благосостојба.

Затоа секогаш на растенијата пристапете им со љубов и посадете ги со задоволство.
Тука во градинарскиот центар ФОЈА ви го нудиме најдоброто. Садете…само така ќе го направиме светот поубав, а природата ќе ни биде благодарна,
…денес, утре…..секој ден, …се повеќе….и повеќе !

Translate »